Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Мицкоски ги следи насоките на Груевски, сака враќање назад во изолација и режим, да не бидеме членки на НАТО и ЕУ, затоа го очекува пораз на 12 април

Христијан Мицкоски денеска уште еднаш потврди дека е против НАТО, против ЕУ, против напредок и интеграција. Најавите дека ќе го поништел Договорот од Преспа е директна закана за нашето членство во НАТО, затоа што Договорот беше последниот клучен услов за наше членство во Алијансата. Мицкоски отворено зборува дека работи против НАТО, против стратешките цели на државата и нејзините граѓани. Тој и ВМРО-ДПМНЕ се најголемата закана за државните и националните интереси, реагираат од СДСМ на изнесени ставови на Христијан Мицкоски.

-Следејќи ги насоките од Будимпешта од неговиот ментор Никола Груевски, Мицкоски најавува враќање назад во изолација, во режим и неизвесност. Тоа е понудата на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, а со таква понуда не може да очекува ништо освен нов убедлив пораз на 12 април. Граѓаните нема да дозволат враќање назад во режим и изолација и одново ќе го поразат антидржавното однесување на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, се вели во реакцијата.

Можеби ќе ве интересира

РОДИТЕЛИТЕ ИМ ГО ПРЕПИШАЛЕ СТАНОТ НА ДЕЦАТА – Што ако еден ден им кажат дека повеќе немаат право да живеат таму?

ДЕСК

ЦИКЛОН ЈА ЗАФАЌА МАКЕДОНИЈА – Следуваат обилни дождови, локално над 60 литри на квадратен метар

ДЕСК

Црна Гора со поддршка за македонските евроинтеграции – „Проширувањето мора да биде според заслугите“

ДЕСК