Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Николовски на „Топ тема“; Граѓаните со право се разочарани од состојбите во судството, потребно е прочистување на правосудниот систем

Граѓаните со право се незадоволни од случувањата во судството, каде има се уште има остатоци од режимот и груевизмот, од контролата врз судството од разни моќници, незадоволна е и мојата генерација и тоа со право, порача вечерва генералниот секретар Љупчо Николовски на дебатната емисја „Топ тема“.

Денес веќе не живееме во режим кога некои мислеа дека е нормално владејачката партија треба да има целосна контрола врз судството, медиуми, граѓанскиот сектор. Доколку како извршна власт посегнавме по инструменти кои не се во согласност со демократските принципи, сигурен сум дека ќе се вратевме назад во режим. Денес сме пред членство во НАТО и пред отворање на поглавјата со ЕУ. Но правиме се за да се спроведе целосно прочистување на судството и обвинителството и тоа никој нема да го спречи, истакна Николовски.

Можеби ќе ве интересира

Лажни дојави за бомби во училишта во Скопје и Тетово

C +

МНР со апел: македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Мексико да го напуштат во првата безбедна прилика

C +

Речиси 5.000 прекршоци регистрирани со „Безбеден град“ за една недела, најмногу за брзо возење

C +