Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Рамковски во емотивна исповед: Еднаш Груевски ми рече – „Луѓето умираат, спомениците ќе останат“

Во емотивна исповед на денешниот панел на ЦИВИЛ, насловен како „Жртви на режимот – сведоштва и слики“, поранешниот сопственик на А1 телевизија, Велија Рамковски, раскажа за тортурата што ја доживувал.

-Груевски не беше задоволен како работат новинарите од телевизијата. Имавме повеќе судири со Груевски. Еднаш ми рече: „Луѓето умираат, спомениците ќе останат“. Во август 2010 година беше расцепот со него, а до крајот не уапсија цела фамилија.

-Само гробот е полош од затворот. Првите денови во Шутка не можев да дишам. Бев 27 месеци во Шутка. Секој ден имав претрес скоро саат и пол траеше претресот. Психолошка војна, истакна Рамковски.

-28 месеци не можев да ја видам Емел, мојата ќерка која беше во другата зграда од затворот. Намерно не ми дозволуваа да може да се видиме, бар преку прозорец. Се радував на судењата зашто само таму можев да ја видам сопругата и ќерката, додаде тој.

Можеби ќе ве интересира

Се запали возило во движење на автопат

ДЕСК

Тошковски и Мицкоски на промоција на 120 нови возила за македонската полиција: После 15 години нови возила за полицијата – инвестиција во безбедноста и во достоинството на полицаецот

ДЕСК

Мицкоски: Набавени се 120 нови полициски возила за униформираната полиција

ДЕСК