23.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски најави 2 милијарди евра инвестиции доколку ВМРО ДПМНЕ ги добие изборите

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски од денешниот собир во Скопје најави 2 милијарди евра капитални инвестиции за еден мандат.

– Тоа ќе бидат инвестиции и вистински проекти не само на хартија. Реализирани осмислени испорачени проекти за економија со брз раст. Се обврзувам и ветувам дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ за еден мандат ќе испорача проекти на домашни и странски ивнвеститори во вредност не помала од 4 милијарди евра. Ќе вложи не помалку од 1 милијарда евра во заштита на животната енергија, проекти во енергетска ефикансност и гасификација не помалку од 1 милијарда евра – рече Мицкоски.

Тој најави инвестиции во образованието, здравството и земјоделството за еден мандат.

– Ветувам дека барем еден универзитет ќе се врати на Шангајската лига. Реновирани струденстски домови 1 милијарда евра во образованието. Не криминални тендери во здравството, клинички центри. повеќе од 2 милијарди евра за здравството и лекарите. За земјодлеците подготвуваме специјален пакет. Редовна исплата на субвенции и загарантиран откуп. Неколку стотици евра инвестиции во земјоделството – рече Мицкоски.

На пензионерите, тој им вети враќање на стариот модел на пораст на пензиите два пати годишно, а на бизнисмените дека ќе го врати рамниот данок и намалување на даночната стапка секоја година, а со тоа ќе им врати половина милијарда евра назад.

Спонзорирано: