Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Македонската полиција апсеше – Приведени седум лица

Седум лица уапсени на различни локации од страна на македонската полиција.

Полициски службеници од Eдиницата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје го лишиле од слобода Љ.С.(38) од Делчево, затоа што при претрес во неговиот дом во населба Аеродром, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.

Исто така во 21.45 часот, полициски службеници од СВР Скопје на улицата „Тодор Чангов“ ги лишиле од слобода Ф.Б.(21) и Ф.Р.(21), двајцата од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана, а претходно во 19.40 часот на улицата „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле Ј.С.(35) од Тетово, затоа што при негов и преглед на возило „мерцедес“, со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал, бил пронајден гасен пиштол со рамка со четири куршуми и нож.

Во 12.30 часот кај река Негочанка, во реонот на селото Меџитлија, битолско, биле лишени од слобода Е.Г.Ј.(29) и М.З.О.(36), двајцата од Куба, поради незаконско преминување на државната граница.

Во 22.30 часот на Граничен премин „Табановце“ бил лишен од слобода Н.А.(22) од Албанија бидејќи при пасошка контрола истиот приложил патна исправа од Р.Албанија на име Л.X.(20).

Можеби ќе ве интересира

Херои на денот: Екипите на Електродистрибуција спасија маче од електричен столб! (ВИДЕО)

C +

Заев се закани со тужба, тврди дека не е поврзан со конфискацијата на канабисот и облакодерите во Дубаи: „Шират лаги и клевети“

C +

Српските медиуми објавија дека Даниел Кајмакоски бил киднапиран во Белград

C +