16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Колемишевски од трибината Агенда Иноватива 20-24: Со новите мерки на Владата на СДСМ основање фирма со само 1 евро

Владата на СДСМ донесе измени на законот за трговски друштва и сега ќе може да се основа фирма со само 1 евро, истакна на трибината Агенда Иноватива 20-24, во организација на СДСМ, заменикот министер за економија и претседател на комисијата за економија на СДСМ Кирил Колемишевски.

Тој најави и други мерки, кои СДСМ планира да ги спроведе во наредниот мандат, а тоа е Програма за бизнис ангели – финансиери, надградба на фондот за иновации и технолошки развој со јавно приватно – партнерство за финансирање храбри бизниси, секоја фирма во своето електронско сандаче ќе добива водич како да ги завршат сите обврските спрема државата, како да се регистрира за ДДВ, што треба да има за трудова инспекција итн.

Меѓудругото планираме годишни саеми на знаење, зголемување на финансиската писменост на населението и укинување на партиципацијата за студирање на техничките и медицинските факултети, истакна на трибината Агенда Иноватива 20-24, во организација на СДСМ, заменикот министер за економија и претседател на комисијата за економија на СДСМ Кирил Колемишевски.

Спонзорирано: