-11 години деструктивните и расипнички политики на ВМРО-ДПМНЕ ја изолираа и ја заробија државата преку урнисување на правниот систем и понижување на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ цели 11 години системски ги погазуваше човековите права и слободи, вршеше притисоци врз медиумите и новинарите, а инстутуциите ги претвори во партиски подружници. Остатоците од заробената држава се уште се присутни во правосудниот систем. Тоа мора да престане веднаш! – соопшти денеска СДСМ.
„СДСМ како одговорна партија ја повикува Државната комисија за спречување на корупцијата да започне постапка за проверка на имотот на судиите и обвинителите, веднаш, а Судскиот совет мора да ја оцени одговорноста на судиите за застарување на предметите.
Граѓаните мора да дознаат кој тоа влијае врз судиите и зошто неколку десетици предмети се чувале завршени и останале во фиоките на бившиот претседател на Врховниот суд?
На државата и на граѓаните им е потребно судство кое ќе носи а нема да попречува правда.
Затоа граѓаните јасно ја знаат разликата меѓу концептите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и ќе гласаат за правда наместо за неправда.
Граѓаните ќе гласаат за напредок, развој и интеграција во правна држава.
На прав пат сме. На тој пат треба да ја завршиме борбата за правда.
Тоа го очекуваат сите, тоа и го должиме на јавноста и тоа заедно со граѓаните ќе го обезбедиме.
На 12 април граѓаните масовно ќе потврдат дека сме на прав пат и силно ќе порачаат режим – никогаш повеќе.“ – се вели во соопштението.