Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Објектот на Општина Шуто Оризари ќе биде енергетски ефикасен и ќе заштеди пари, а во ОУ „Браќа Рамиз и Хамид” ќе се креира зелена површина со дрвја и зимзелени садници

Заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули денеска оствари работна средба со градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, на која се разговараше за поддршката што општината ја доби од Планот за чист воздух.

Во општина Шуто Оризари, предвидените мерки од Планот за чист воздух ќе опфатат промена на старите прозорци и врати во зградата на општината, со цел да се подобри енергетската ефикасност на објектот, со што ќе се овозможи заштеда на топлинска енергија, како и заштеда на општинските буџетски средства.

Поддршката што општината ја доби од Планот за чист воздух, за реализација на оваа мерка е во вредност од 1 милион денари.

Дополнително од Планот за чист воздух, за Општина Шуто Оризари се издвоени 500.000 денари за хортикултурно уредување и реконструкција на дворната површина со зелена површина во ОУ „Браќа Рамиз и Хамид”.

Со оваа активност ќе се засадат плодородни дрвја, како бадем, лешник, дуња, како и зимзелени садници, украсни грмушки, со комплетен систем за одржување.

Можеби ќе ве интересира

Времето драстично се менува: Утрински мразеви и слаб дожд во најава

ДЕСК

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК