Кинескиот технолошки гигант „Хуавеj“ планира компонентите за своите уреди да ги произведува во Европа.
Информацијата доаѓа во момент кога компанијата лидер во 5Г технологијата се бори да ги преброди американските санкции.
„Планираме во иднина своите компоненти да ги произведуваме во Европа. Работиме на истражување на можностите за отворање фабрика во Европа, а изборот на земјата ќе зависи од сознанијата до кои ќе дојдеме“, изјави претставник на компанија.
Иако не се наведува временска рамка за оваа инвестиција, сепак очекувањата се дека ова може да се реализира многу брзо./Makfax