Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев: Во два бардаци вода да им дадеш да чуваат и двата ќе ги украдат и ќе избегаат во Будимпешта

Додека ние сега сме шампиони во спроведување на енергетските реформи, ВМРО-ДПМНЕ се шампиони во заробување на државата, изјави премиерот Заев на денешната трибина „На прав пат“, на СДСМ во Скопје.

Тој зборуваше за успесите на владејачката партија, но и за работите кои ги направила претходната власт.

– Во два бардаци вода да им дадеш да чуваат и двата ќе ги украдат и ќе избегаат во Будимпешта – изјави Заев, алудирајќи на бегството на поранешниот премиер Никола Груевски.

Премиерот потоа истакна дека Македонија „конечно е на вистинскиот пат, на патот на слободата“.

– Нема таков суд кој ќе го сопре овој пат, патот кон правдата и слободата – истакна Заев.

Можеби ќе ве интересира

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +

Популарното дело на „Браво сине!“ и „Арс Ламина“ – „Бајки од Македонија“ влегува во образовната програма како редовна лектира 

C +

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +