18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk/Arhiva
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Вечерва пронајдено детето што денеска се изгуби на кејот на Вардар

Денеска (15.12.2019) по добиена пријава на телефонскиот број 192 од Р.С. од Скопје која пријавила дека околу 14 часот кај маркет во близина на кејот на реката Вардар го изгубила својот син Мартин (12), кој боледува од аутизам, веднаш се преземени мерки и активности од страна на полициски службеници за пронаоѓање на детето, дознава Centar.mk.

Во 16.30 часот од страна на единицата Алфа детето е пронајдено во близина на хотелот Хилтон и потоа предадено на мајката, велат информациите на Centar.mk.

Спонзорирано: