Портпаролот на Никола Груевски, Христијан Мицкоски денеска конечно призна дека неговата ВМРО-ДПМНЕ има незаконски долг од 400.000 евра за кампањата на Гордана Сиљановска, реагираат од СДСМ по прес конференцијата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
„Спротивно на членот 71 од Изборниот законик каде што јасно стои дека сите трошоци за кампањата исклучиво ќе се покријат од средствата на таа сметка.
Сметката е затворена а незаконскиот долг од 400.000 евра не може да се врати од друга сметка. Прашање е зошто тие фирми молчеле за овој долг и тоа е нова димензија на оваа афера.
Скандалот, најновата афера во ВМРО ДПМНЕ мора да се расчити, особено што е поврзан и со фирми на Орце Камчев, осомничен во предмети на СЈО.
Мицкоски денеска призна дека ВМРО-ДПМНЕ продолжува со старите криминални навики, сметки за изборни кампањи полни со долгови, исто како во времето на Груевски и дупката од 3.5 милиони евра.
Сега, Мицкоски треба да се охрабри и да одговори што финансирале фирми на Орце Камчев за ВМРО ДПМНЕ?
Дали долгот има врска со рекет во самата ВМРО ДПМНЕ?
Со секој нов ден на виделина испливуваат лагите на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.
Таков е случајот и со Законот за употреба на јазици со кој Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ со месеци ги плашеа граѓаните.
Денес, се покажа дека никој нема да плаќа казни ако не знае албански, дека никој никој не е принуден да учи албански или каков било друг јазик, дека институциите не се блокирани заради Законот за употребата на јазиците, како што со месеци лажеа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.
Уште еднаш се докажа дека Мицкоски работи по директивите на Груевски, дека нема никаква промена во ВМРО-ДПМНЕ.
Опозициската партија предводена од Мицкоски е заглавена во деструктивната матрица на лажни вести и незаконско работење и затоа на 12 април граѓаните уште еднаш ќе ги поразат нивните погубни политики и ќе потврдат дека сме на прав пат„, с енаведува во соопштението на СДСМ.