6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Разузнавачот Иванов тајно избега во Турција

Зоран Иванов, поранешниот директор на Агенцијата за разузнавање, во период од 2017-та до 2019-та, пред претседателот Стево Пендаровски да го назначи Еролд Муслиу, стана професор на универзитет во Турција. Под нејасни околности за македонската јавност, но и за неговите претпоставени во Генералштабот (ГШ) на Армијата на  Македонија (АРСМ) каде што му беше последната работна позиција, тој ја напуштил државата, дознава НОВА. Зошто Иванов отпатувал тајно и се сокрил од генералите во АРСМ и од Министерството за одбрана?

Според информации од ГШ, тој при крајот на летото заминал на тримесечен неплатен одмор, а потоа, по истекот на одморот, на изненадување на сите колеги, не се појавил на работното место. Според процедурата, по неколку денови, откако сфатил дека Иванов нема абер да се појави на работа, ГШ го известило Министерството за одбрана кое пак било должно да изготви отказно решение.

Сега, официјално Иванов повеќе не е вработен во армискиот штаб. Но, стравот го предизвикува сознанието дека тој поседува чувствителни податоци и информации од безбедносен карактер, како и државни тајни, со оглед на функциите кои ги извршувал бидејќи пред да стапи на директорската позиција во Агенцијата за разузнавање. Иванов беше началник во военото разузнавање, а има и искуство во извршување на операции во државата, како и во меѓународни мисии, дури е одликуван и со сребрена ѕвезда за храброст од Департментот за одбрана на САД како командир на воен контингент во Ирак.

Со целото негово искуство имал на располагање и многу доверливи информации од безбедносен интерес на државата, како и за земјите од регионот, па и пошироко. Имал релации и соработка со други припадници од националните безбедносни служби, како на пример со Горан Грујевски од Петта управа, кој, за разлика од него, избега во Грција, заедно со неговиот соработник Никола Бошковски по скандалот со прислушувањето.

Ваквото заминување на Иванов во Турција отвора многу прашања – зошто ја избрал токму оваа земја, дали материјалите кои ги поседувал од годините поминати во безбедносните служби ги однел таму, соработува ли сега со странски разузнавачки мрежи, како и дали со него има дел од снимките од нелегалното прислушување?

Последното е како можност затоа што имал контакти со Горан Грујевски, за кого постојат сомнежи дека поседува голем број од снимените разговори со оглед на една од главните улоги кои ги имал во процесот на незаконско снимање на телефонски комуникации за што впрочем и се гони во судски предмет.

Целиот текст прочитајте го ОВДЕ.

Спонзорирано: