Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев: УЈП започна со исплата на 186 милиони денари на граѓаните кои скенираа сметки преку проектот МојДДВ

Фејсбук статус на премиерот Зоран Заев:

Секој ден плус е важен, секоја илјадарка плус е добредојдена!

УЈП започна со исплата на 186 милиони денари на граѓаните кои скенираа сметки преку проектот МојДДВ.

До крајот на следната недела целосно ќе биде завршен повратот од оваа фаза.

Граѓаните не само што станаа даночни инспектори и помагаат во сузбивање на сивата економија, туку гледаат и директен бенефит по нивниот џеб. Парите ќе легнат на личните сметки за прв пат оваа недела, но ќе продолжат во редовни интервали и во следната година. Ова е уште еден од начините како државата преку оваа Влада враќа парите назад кај граѓаните!

Можеби ќе ве интересира

ВМРО ДПМНЕ: Позитивните економски параметри, потврдени и од Евростат, им сметаат на СДСМ, затоа што нивно време граѓаните живееја потешко, економијата стагнираше, инфлацијата рушеше рекорди

ДЕСК

ЌЕ ПЕЧЕ СОНЦЕ, А ПОТОА ЌЕ ТРЕШТИ НЕБОТО: Следува променливо и нестабилно време

ДЕСК

СЕ КРЕНАЛА ВРЕВА ВО ВИЗБЕГОВО: По расправија дошло до физичка пресметка меѓу двајца мажи

ДЕСК