Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Заев од трибина во Битола: Само Мицкоски не го честиташе успехот во НАТО

„Само Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не смогнаа сила да го честитаат успехот во Лондон, во НАТО, само тие не се израдуваа“, рече претседателот Зоран Заев на граѓанската трибина „На прав пат“ во Битола.

„Еден за сите – сите за еден е мотото на НАТО, тоа сакавме да го направиме и дома, да се обединиме, да бидеме заедно, да се приклучи и ВМРО-ДПМНЕ, ама тие не сакаа, затоа што нивната цел е само гола власт“, порача Заев.

Претседателот Заев порача дека откако ВМРО-ДПМНЕ ќе се реформира ќе има можност да излезе пред граѓаните и да побара поддршка.

„Тие нека се реформираат, нека бараат нови лидери, а ние ќе тераме по правиот пат, тоа е пат на напредокот, на повисоки плати, на повеќе пари кај граѓаните, тоа е пат кон НАТО и ЕУ“, рече Заев.

Можеби ќе ве интересира

ПОВРЕДЕН 62-ГОДИШНИК ПРИ РАБОТА ВО КИСЕЛА ВОДА – Известен е трудов инспектор

ДЕСК

СКОПЈАНЕЦ ПРИЈАВИЛ НАПАД ВО КИСЕЛА ВОДА – Го нападнале две лица што ги познавал

ДЕСК

ТАТКО ПРИЈАВИЛ НАПАД ВРЗ МАЛОЛЕТНАТА ЌЕРКА – Ги посочил нејзиниот партнер и неговата мајка

ДЕСК