Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Возач во Битола излетал од патот и удрил во бетонски ѕид

Синоќа во Битола, на улицата Никола Тесла, патничко моторно возило со битолски регистарски ознаки управувано од Т.Т.(35) од Битола излетало од коловозот и удрило во бетонски ѕид.

Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Клиничката болница Битола, информираат од полицијата.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР-Битола.

Можеби ќе ве интересира

Времето драстично се менува: Утрински мразеви и слаб дожд во најава

ДЕСК

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК