Секогаш во средиштето на збиднувањата...

„Дојче телеком“ ги стопираше понудите за 5G-мрежата

Дојче телеком (ДТ) објави дека ги суспендира сите понуди поврзани со развојот на 5G-мрежата.Компанијата соопшти дека одлуката е донесена бидејќи се чека Германија даја потврди својата позиција за потенцијалните безбедносни ризици во врска со кинескиот снабдувач на опрема – „Хуавеј“.

„Имајќи ја предвид нејасната политичка состојба, ние нема да склучуваме договори за 5G со ниту еден од добавувачите. Во моментов ги известуваме сите добавувачи за тоа“, соопштија од компанијата.

Телекомуникациската компанија воспостави 5G-мрежа во неколку германски градови, при што развојот на таа мрежа во Берлин се заснова на пилот-проект во соработка со компанијата „Хуавеј“. Компанијата планира да ја прошири мрежата во 20 германски градови следната година.

Пратениците на Христијанско демократската унија (ЦДУ) на канцеларката Ангела Меркел се спротивставија на предложените регулативи, со кои не се предвидува воведување директна забрана за ниту еден добавувач, туку само ја проверува нивната технологија и управувањето со сите овие компании.

Тие на тој начин застанаа на страната на САД, кои тврдат дека опремата на „Хуавеј“ наводно
на мала врата ја изложува мрежата на сајбер-шпионажа, што беше демантирано од страна на компанијата.

„Се надеваме дека политичката состојба во врска со изградбата на 5G-мрежата во Германија ќе биде разјаснета што е можно поскоро, за да не заостанеме“, соопштија од „Дојче телеком“.

Loading…


Во тренд…