18. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Костадинов: Остануваме на ставот за изборниот модел, една изборна единица е добро за демократијата

Одговори на новинарски прашања, Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник – интегрален текст:

П1: За изборниот модел, денеска Ахмети изјави дека кога се создавала коалицијата, СДСМ тоа не го ни спомнала, дали е ова точно?

Тоа е наша програмска определба, промената на изборниот модел. Апсолутно остануваме на ставот дека треба да има промени во изборниот модел, секако ги почитуваме мислењата и на другите политички опции, парламентарни и вон парламентарни, а со цел да ја унапредиме демократијата. Нашиот став е јасен и за јавноста, граѓаните, медиумите, секако ќе одлучуваме и во Собрание, ќе разговараме и дебатираме по однос на изборниот модел, но секако остануваме на ставот дека треба да има една изборна единица и отворени листи, останува можност да дебатираме и разговараме за тоа кој е најдобриот начин за да се имплементира нов изборен модел во државата.

П2: Имаше информација дека ваш пратеник ја претепал сопругата, доколку се потврди дека тоа е така, дали како партија ќе преземете било какви чекори?

Прво за тоа, мојот колега имаше изјава од Собранието, изјава имаше и неговата сопруга која демантира дека била физички или вербално нападната, и тоа е доказ дека кујните за црна кампања од страна на ВМРО-ДПМНЕ се вклучени на најјако. Како човек можам да коментирам, не можам како политичар затоа што навистина е лично прашањето за мој колега или без разлика и да не ми е колега, за било кој човек, да така јавно се шират лаги и невистини, се вклучуваат најблиските членови на семејството, неговите деца, а со цел да на некаков начин да политички се поентира, сметам дека е крајно безобразно и е очајно. Веројатно ВМРО-ДПМНЕ знае што ги чека на изборите, во хаос и очај не можат да се служат со ништо друго, туку со лаги и невистини што впрочем тоа го кажуваме секојдневно. Ова е уште една од лагите, клеветите и невистините што ги пласира ВМРО-ДПМНЕ на којшто апелираме до граѓаните да не наседнуваат. Повторувам за ова колега имаше и мојот колега Ацевски, изјава имаше и неговата сопруга, каде што и двајцата демантираа за било каков физички или вербален напад.

 

Можеби ќе ве интересира

Жерновски тврди дека очите на Мицкоски веќе се свртени кон вонредни парламентарни избори

ДЕСК

НОВИ ПРЕСВРТИ СО ВРЕМЕТО: Утре невреме, од среда до петок пеколни температури, а викендот голема промена и значителен пад на температурите

ДЕСК

Смачкан автомобил по директен судир со камион – Нова страотна сообраќајка на југозападот од Македонија

ДЕСК