23.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Силен земјотрес во Грција

Земјотрес од 6,1 степен според Рихтеровата скала утрово го стресе грчкиот остров Крит, а беше почувствуван и во земјава. Земјотресот според Европскиот медитерански сеизмолошки центар е на длабочина од 55 километри, а се случил во 9.23 часот по локално време.

Според коментарите на оние кои го почувствувале, земјотресот бил со голема бучава, а тресењето се почувствувало во два брана.Во Грција земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтер беше почувствуван и вчера, на 166 километри од Атина.

Не престанува да се тресе ниту тлото во Албанија, каде што по силниот земјотрес од 6,4 степени вчераутро, почувствувани се уште серија помали земјотреси.

Спонзорирано: