Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Шилегов објави видео од безбедносните камери: „Чудни сили“ решиле ноќеска да направат обид за демолирање на кровот на ГТЦ

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, на Фејсбук објави видео на кое се гледа обид за демолирање на зелениот кров на ГТЦ.

-Во текот на вчерашниот ден го најавив завршувањето на зелениот кров на ГТЦ и види чудо, одеднаш, некои “чудни сили” решиле ноќеска да направат обид за негово демолирање.

Сторителите се фатени на дело, приведени и предадени во полиција. Јас, заедно со Вас почитувани, ќе бидам упорен во борбата за овој град да стане поубав и попристоен, а “чудните сили” нека тераат. Осудени се на пропаст. – напиша Шилегов на Фејсбук, објавувајќи и видео од настанот.

Можеби ќе ве интересира

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +

Популарното дело на „Браво сине!“ и „Арс Ламина“ – „Бајки од Македонија“ влегува во образовната програма како редовна лектира 

C +

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +