Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев: Подготвени сме да ја дадеме неопходната помош за Албанија

Премиерот Зоран Заев на „Фејсбук“ порача дека македонските власти и јавноста со загриженост ги следат вестите за големиот земјотрес во Албанија.

„Силината на земјотресот, кој го почувствуваме и ние, ги насочи мислите кон нашите соседи. Најискрено сочувствуваме со најблиските на жртвите и се надеваме на брзо закрепнување од последиците“, се наведува во објавата на Заев.

Премиерот исто така напиша дека од утрово службите се во комуникација со институциите на Албанија и се подготвени да ја дадат сета неопходна помош и поддршка.

Албанија во раните утрински часови беше погодена од силен земјотрес со јачина од 6,3 степени по Рихтер, кој во земјата е најсилниот во последните три децении. Во портесот загинаа најмалку шест лица, повеќе од 300 се повредени и беа предизвикани големи материјални штети.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Граѓаните сакаат подобар живот, плати и светла иднина, а не црни кампањи

C +

Филипче жестоко против црната кампања на власта: Јавен линч и лаги, сега ќе ги гонам!

C +

Предлог-законот за пушењето не е удар по угостителството, туку заштита на здравото работно место, велат од Министерството за здравство

C +