Идната претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, има порача на земјите од Западен Балкан, неодамна блокирани од Франција на европскиот пат, дека стои зад нив.
„Ние го делиме истиот континент, историја, култура и сме во исто политичко семејство. Ве уверувам дека стоиме покрај вас, без оглед на сите процеси. Ние стоиме покрај вас и сакаме да бидете што е можно поблиски до нас“, нагласи таа на Конгрес на ЕПП во Загреб.
Таа додаде дека националистите и популистите нема да го уништат европскиот начин на живот, како што се нарекува и еден од ресорите во нејзината нова комисија./Makfax