Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Шекеринска од Ресен: Преспа е место за кое сега знае цел свет, место каде го потврдивме идентитетот, ги отворивме портите кон ЕУ и НАТО, за подобра иднина на нашите деца

За Преспа знаевме само ние дома. Денес за Преспа знае целиот свет. Светот и соседите свртија нов лист, решивме децениски проблем и ги отворивме вратите кон ЕУ и НАТО. Го загарантиравме македонскиот јазик и идентитет, признаени од целиот свет и сега тоа не може да ни го одземе никој – истакна заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска пред огромниот број присутни граѓани и граѓанки на Ресен.

Покажавме што значи државничко однесување, работевме за сегашноста, но и за иднината на нашите деца, одиме кон ЕУ и НАТО, на прав пат сме, заклучи Шекеринска.

Можеби ќе ве интересира

Вечерва слаб снег вее на овој патен правец, каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК

Зимата се враќа, снег ќе трупа во делови од Македонија – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Вработен во РЕК Осломеј пријавил дека има бомба во кругот на комбинатот и си заминал од работа

ДЕСК