24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Приказна за гипсот раскажана во 25 години

Велат дека е материјал на иднината. Но, е материјал и на минатото. Од антиката до денес гипсот е материјал што е константен во неговата употреба. Материјал што со иновациите достигна ниво на совршенство во градежништво. Предноста во земјава е што имаме гипс со исклучителен висок квалитет. Се добива како производ од минералот селенит што се наоѓа во рудникот на КНАУФ што се наоѓа на половина пат меѓу бањата Косоврасти и Дебар. Во Кристална пештера на овој рудник се наоѓа селенит со одличен квалитет. Овој минерал освен кај нас може да се најде само на уште едно место во светот, во Мексико. А нашиот дебарскиот селенит, од Кристалната пештера гипс бил ископуван уште пред новата ера. Како за пример, гипсени кристали се најдени при откривањето на пирамидите во Египет. Се претпоставува дека тие пронајдени кристали се од Дебар. Бидејќи Америка не била откриена во време на фараоните, а и условите во рудникот во Мексико, каде влажноста на воздухот е околу 60%, го прави процесот на експлоатација многу тежок, останува дека единствено место од кај доаѓале гипсените кристали била Кристалната пештера.

Интересна приказна, која прерасна во вистинска успешна приказна од 1994 година кога КНАУФ решава да вложи во земјава. Гипсот на овој начин добива сосем друга димензија. Станува материјал што е основа за иновации во градежништвото. Фабриката во Дебар прераснува во вистински пример за модерна фабрика. Со инвестирани 42 милиони евра и сегашни 150 вработени фабриката во Северна Македонија стана регионален центар за гипс. Така приказната за македонскиот гипс се проширува надвор од нашите граници.

А гипсот е одличен материјал бидејќи освен добрите механички карактеристики има иста pH вредност како човековата кожа и добра пародифузност, обезбедувајќи со тоа пријатен амбиент и комфор во просторот. Тоа овозможува добра изолација, претставува економично решение и се применува во сите градежни објекти. Ако погледнете само во Скопје, нема објект каде не се применети системите на КНАУФ како што се Аеродромот Скопје, Капитол Мол, Скопје Сити Мол, Македонска филхармонија, Националниот театар, Соравија Центар, Ремедика, Арена Филип Втори. Системите ги има во речиси сите станбени и деловни објекти, хотели, болници, училишта.

Побарувачката на Кнауф производите е во постојан раст насекаде во светот, па и кај нас. Бројките велат дека во Северна Македонија во моментов трошиме околу 2 м2 гипсени плочи по жител, во соседните земји тој број достигнува до 4 м2, а на Запад потрошувачката се качува до 10 м2 по жител.

Овие 25 години се раскажува една приказна за Кнауф во нашата земја што има историја, но има силна сегашност, а уште посигурна иднина.