3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Бабовски: Продолжен рокот за аплицирање за субвенции за произведено и предадено млеко и за заклани несилки

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги информира сите млекопроизводители дека по барање на фармерите го продолжи рокот за поднесување барања за директни плаќања за произведено и предадено млеко, за период мај – септември 2019 година. Дополнителен рок за поднесување барања за директни плаќања имаат и одгледувачите на амортизирани несилки заклани во регистрирани кланични капацитети во период мај – септември 2019 година.

Директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски, преку соопштение информира дека новиот рок за доставување на барањата е 22 ноември 2019 година.

Исто така, од денеска може да се поднесуваат и барањата за дополнителни директни плаќања за предадено јагне во регистриран кланичен капацитет во 2019 година. Рокот за поднесување на барањата за предадено јагне во кланичен капацитет е до 15 декември 2019 година.

Сите фармери кои ги исполнуваат условите за добивање финансиска поддршка барањата можат да ги поднесат електронски со помош на компјутер. За да се аплицира, потребно е да се најават на веб-страницата на Агенцијата, односно на www.ipardpa.gov.mk и во полето „Директни плаќања-е барање“ ќе може да се поднесе електронското барање за предадено јагне, за произведено и предадено млеко или за амортизирани несилки заклани во регистрирани кланични капацитети во период мај – септември 2019 година. Сите фармери, кои имаат проблем сами да креираат, односно да поднесат електонско барање, може да побараат помош во подрачните единици на Mинистерството за земјоделство шумарство и водостопанство.

Спонзорирано: