23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Костадинов објави нова афера на ВМРО-ДПМНЕ: Незаконски долг од 400.000 евра, на повидок нова афера за финансирањето на кампањата на ВМРО-ДПМНЕ

-Според последните јавно објавени информаци, на повидок е нов скандал, нова афера, поврзана со начинот на финансирање на изборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ за послендите претседателски избори. Како што е објавено и како што може да се потврди од Финансискиот извештај, ВМРО-ДПМНЕ должи 400.000 евра за кампањата на Гордана Сиљановска. Согласно Изборниот законик (член 71) сите трошоци за кампањата исклучиво треба се покријат од средствата на таа сметка. Долгот на ВМРО-ДПМНЕ од 400.000 евра останал, а сметката за оваа кампања е веќе затворена, изјави на денешната прес конференција, Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

Значи нема законски основ веќе за покривање на овој огромен долг. Очигледно, ВМРО-ДПМНЕ и потпсникот на сметката за овие избори, генералниот секретар Игор Јанушев, не го почитувале Изборнио законик. Повикуваме надлежните институции да извршат детални анализи и да излезат со одговори пред јавноста. Институциите се на потег. За овој најнов скандал во ВМРО-ДПМНЕ одговороност мора да има, рече Костадинов.

Спонзорирано: