15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Костадинов: Неопходен е ветинг во судството, а ДКСК да започне проверка на имотот на судиите и обвинителите веднаш

Одговори на новинарски прашања, Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ – интегрален текст:

П1: Цело време зборувате дека ќе има одговорност, но гледаме дека за сите предмети што се од претходната власт во Обвинителството, како сепак да имаат доверба граѓаните во судството?

Токму од таа причина и претходно во една прес конференција најавивме ветинг за сите судии и обвинители без ислучок, а до тогаш ја повикавме ДКСК бидејќи го има правото да направи и отвори постапки за потеклото на имотот на сите судии и обвинители.

Одговорност мора да има, но ние како сериозна и одговорна партија мора да внимаваме на ниту еден начин да не се остави впечаток дека се вмешуваме во постапките или во правосудните органи кои треба да бидат независни. Од таа причина мора да се констатира со жалење, дека очигледно некои одвнатре од судските власти, недозволува Груевизмот да биде искоренет целосно, поради таа причина кога збориме за ветинг ќе ни треба можеби и меѓународни експерти кои ќе се вклучат во целосниот процес, секако и експертаската јавност, и ќе внимаваме и ќе побараме поддршка од ЕУ во однос на Академијата за судии и обвинители за да може државата да произведе доволно судии и обвинители кои ќе одговараат на постапките, ги знаеме примерите, и од Албанија и од државите каде што се одвивал ветинг, но и побрзо завршил и не биле доволно консултирани експертите и знаеме дека наидоа со одредени проблеми, пред се граѓаните. Но до тогаш, јавно ја повикуваме ДКСК да поведе постапки и да го преиспита имотот и да бара потекло на имотот за сите судии и обвинители, без исклучоци.

Само заеднички како граѓанство, заедно со инстутуциите коишто треба да бидат независни можеме навистина да ја воспоставиме правната држава во нашата држава. Секако, мора да се потенцира, и во судството има чесни луѓе, има луѓе кои професионално си ја вршат работата, но за жал после 11 години режим на ВМРО-ДПМНЕ оставија голем број луѓе коишто работат на штета на правната држава, а се наоѓаат токму инсталирани во судството коешто мора да биде независно.

П2: Околу ветиногот, дали мислите дека после она што се случи со СЈО, и секако ако сте сериозни за тоа, дали мислите дека треба странски експерти за таква работа?

Ние мораме да веруваме во капацитетите на нашата држава, генерално во капацитетите на граѓаните. Секако дека треба да има координираност и вклученост на странски експерти во однос на know-how да ни го донесат овде, но не можеме заради поединци да се сомневаме во целосното судство и во сите луѓе кои директно или индиректно се внатре во правосудните органи.

П3: Секојдневно има огласи за врабитувања во јавните и државните институции, пред да дојдете на власт велевте дека е претоварена администрацијата, зошто сега истото го правите и вие и што ќе превземете против ова?

Функционалноста на институциите под ниту еден начин не смее да се стави под знак прашалник. Оперативно мора да функционираат институциите, согласно систематизациите коишто ги прават самите институции, и на ниту еден начин не можете тоа да го поврзете со предизборни вработувања, не станува збора за тоа, туку станува збор за обезбедување на функционалност во рамките на институциите. Ако ги погледнете бројките, се гледа дека во однос на администрацијата имаме сериозно намалување на луѓето коишто се вработуваат во администрацијата. Има голема разлика со тоа што го правиме согласно потребите на самите институции.

Спонзорирано: