Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈА

Венко Филипче објави добра вест: За нецели две години, стапката на смртност на предвремено родени деца ја намаливме за повеќе од 50%

Фејсбук статус на министерот за здравство Венко Филипче:

За нецели две години, стапката на смртност на предвремено родени деца ја намаливме за повеќе од 50%. Во 2016 година процентот изнесуваше 25, во 2018та 16%, а за оваа година статистиката покажува дека процентот на починати предвремено родени бебиња изнесува 12%.

Во соработка со Владата на Република Северна Македонија, Фондот за население на Обединетите Нации (УНФПА) и Агенцијата за акредитација завршивме успешен заеднички проект. Спроведовме обуки на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство и Клиничка болница во Тетово – гинеколошко/акушерско одделение, за ефективна перинатална грижа (ЕПГ) и брза проценка на родилиштата согласно со курикулумите и препораките на Светската здравствена организација.

Со овие обуки, спроведовме стандардизиран пристап во сите родилишта, обучен кадар, медикаменти и опрема и надградивме вкупно 15 акушерски и неонатолошки протоколи за најчестите состојби во перинаталниот период.

Можеби ќе ве интересира

Смени и освежување во ВМРО ДПМНЕ: Избрани 30 нови претседатели на општински комитети, познати се имињата

ДЕСК

Нова ера за македонското здравство: Три клинички болници и здравствен комплекс вреден 1,5 милијарди евра

ДЕСК

Покачување на 50 отсто на пензиите ако дојде СДСМ на власт – најави Тренчевска

ДЕСК