На 15/16.11.2019 во периодот од 21.30 до 2.00 часот од полициски службеници од Полициска станица Гостивар и Полициско одделение Галате, во содејство со службени лица од Државен пазарен инспекторат, била извршена акциска контрола во обложувалници на територијата на Гостивар, при што во една обложувалница во сопственост на Е.Ш.(39) од с.Добридол, Гостиварско, биле констатирани незаконитости во работењето. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок, информира МВР./Makfax