Секогаш во средиштето на збиднувањата...

МТСП: Декемвриската минимална плата ќе изнесува 14.500 денари

Законски утврдената минимална плата за декември ќе изнесува 14.500 денари, што е зголемување за 2.000 денари, а споредено со 2017 за 5.500 денари, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Истовремено, од таму потсетуваат дека државата ќе ги субвенционира придонесите од 600 до 6.000 денари за сите компании од приватниот сектор коишто ќе ги зголемат платите за оваа сума на работниците независно дали се минимални или повисоки. Субвенциите ќе може да се користат во следните три години.

Собранието вчера ги изгласа Законите за минимална плата и за субвенционирање на придонесите за раст на плата.

Во тренд…