12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Заев заедно со Мицотакис и Борисов учествува на самит во Солун

Претседателот на Владата, Зоран Заев, денеска учествува на годинашниот самит во Солун, кој е под покровителство на претседателот на Република Грција, Прокопиус Павлопулос.

Премиерот Заев на овој самит е поканет заедно со претседателите на владите на Грција и Бугарија, Кирјакос Мицотакис и Бојко Борисов, за да земат учество на дискусијата „Југоисточна Европа: Иницијативи за регионална соработка и реформи“.

Заев за време на посетата во Грција ќе оствари и средба со Мицотакис.

Самитот во Солун оваа година се одржува четврти пат во организација на Федерацијата на индустриите на Грција, во партнерство со Конфедерацијата за трговија и претприемаштво и Американско-грчката стопанска комора.

Спонзорирано: