11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Над 322.000 пензионери од јануари добиваат повисока пензија за 900 денари

-Го враќаме достоинството на пензионерите, обезбедуваме значителен раст на пензиите. Веќе со јануарската пензија пензионерите ќе добијат покачување од 700 денари. Дополнително, ќе се реализира и законското усогласување на пензиите кое ќе изнесува од 160 – 200 денари. Тоа значи дека над 322.000 пензионери ќе добијат покачување од 860 до 900 денари, почнувајќи веќе од јануарската пензија, што е најголемо покачување на пензиите во последните години. Со последното покачување, просечната пензија ќе изнесува 15.500 денари и ќе порасне за 1.746 денари во однос на 2016 година, соопшти денеска СДСМ.

-Растот на економијата и платите овозможи приходите во Фондот за пензиско осигурување да пораснат за 10 проценти и затоа следува реално зголемување на пензиите. ВМРО-ДПМНЕ 11 години манипулираше со пензионерите, не го следеше законското усогласување и во пензиите интервенираше само ад хок пред избори. Денес, грижата за пензионерите е на прав пат. Како одговорна партија пред граѓаните, продолжуваме со реализација на мерките што обезбедуваат економски раст, раст на платите и пензиите и повеќе пари кај граѓаните, се вели во соопштението на владејачката партија.

Спонзорирано: