Centar.mk
ЛОКАЛНО

Средба со Сојузот на борците по повод Денот на ослободувањето на Скопје

Градоначалникот Петре Шилегов и претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, денеска се сретнаа со претставници на Градскиот одбор на Сојузот на борците од Народноослободителната антифашистичка војна на Македонија по повод одбележувањето на 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје.

На средбата Шилегов им се заблагодари на борците за несебичната и пожртвувана борба за слободата по која копнееле генерации скопјани, им посака добро здравје и понатамошна успешна соработка.

Градоначалникот нагласи дека покажувајќи почит и внимание за ликот и делото на луѓето што несебично ги положиле своите животи за нашата слобода, покажуваме колку ги сакаме сопствениот град и сопствената земја.

Можеби ќе ве интересира

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ДЕСК

Важна вест за скопјани: Посебен режим на сообраќај во недела

ДЕСК

Бесплатни стоматолошки прегледи за децата и пензионерите во општина Центар

C +