Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Лозарите ќе добијат дополнителна субвенција од 2 денара за килограм предадено грозје

Владата на вчерашната седница донесе одлука за нова дополнителна субвенција за килограм предадено грозје во регистрирани винарници.

„Висината на дополнителната субвенција оваа година ќе биде 2 денара за килограм и дополнително проширена. Конкретно, субвенцијата ќе биде наменета не само за винските сорти ‘вранец’ и ‘смедеревка’, туку и за сортите ‘кратошија’, ‘станушина’, ‘бургундец црн’, ‘жилавка’ и ‘кадарка’ од реколтата 2019, предадени во регистрирани капацитети за производство на вино“, информираат од Министерството за земјоделство.

Од таму додаваат дека со новата дополнителна субвенција од 2 денара за килограм предадено грозје се очекува да се намалат загубите на производителите на винско грозје.

Можеби ќе ве интересира

Популарното дело на „Браво сине!“ и „Арс Ламина“ – „Бајки од Македонија“ влегува во образовната програма како редовна лектира 

C +

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +

Андоновски: Инвестирањето во технолошките паркови е инвестиција во идеи, талент и иднина

C +