Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Просечната пензија расте за 1746 денари, ВМРО-ДПМНЕ наместо да лаже, да учи што значи вистиснка грижа за пензионерите

-ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири дека реформите на Владата предводена од СДСМ носат конкретни придобивки за граѓаните. 11 години ВМРО-ДПМНЕ ги лажеше и манипулираше пезнионерите, не го следеше законското усогласување и во пензиите интервенираше само ад хок пред избори. Денес ВМРО-ДПМНЕ повторно ги лаже пензионерите велејќи дека пензиите не растеле. Напротив, пензиите растат и ќе продолжат да растат, реагираат од СДСМ на соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ.

„Со јануарската пензија пезнинерите ќе добијат покачување од 700 денари кое заедно со двете усогласувања наредната година треба да достигне до 900 ден, со што просечната пензија ќе порасне за 1746 денари во однос на 2016 година.

Растот на економијата и платите овозможи приходите во Фондот за пензиско осигурување да пораснат за 10 проценти, Фондот да се стабилзиира и да се следува реално зголемување на пензиите.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски нека учат што значи вистинска грижа за пензионерите.“ – се вели во реакцијата.

Можеби ќе ве интересира

ЦИКЛОН НОСИ ОБИЛНИ ВРНЕЖИ НА ДОЖД, ВО ДЕЛОВИ ОД МАКЕДОНИЈА ЌЕ ТРУПА СНЕГ: Синоптичарите објавија изненадувачка четириденевна прогноза

ДЕСК

Мицкоски: АД ЕСМ ги задоволува потребите на граѓаните и конзумот и продаваат струја навечер со што имаме дополнителни приходи од страна на потрошувачите

ДЕСК

Димитриеска-Кочоска: И покрај предизвиците и притисокот во Буџетот, Владата внимателно и навремено презема мерки и одлучува во интерес на граѓаните и бизнисот

ДЕСК