Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Анѓушев и Шекеринска: Членството во НАТО е можност за македонските компании да произведуваат за Алијансата

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев и вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска се обратија на НАТО индустрискиот ден, настан на кој две НАТО агенции задолжени за реализација на јавните набавки за потребите на Алијансата ги презентираа можностите за компаниите од земјава за учество на тендери кои се спроведуваат.

Анѓушев истакна дека нашите компании треба да го препознаат членството во НАТО како шанса и можност за зголемување на нивните работни активности, преку можноста да учествуваат во синџирот на набавки и синџирот на снабдување со производи за потребите на Алијансата.

„Сакам да кажам дека се работи за еден значителен буџет, којшто се мери во милијарди евра, којшто стојат на располагање на нашите компании. Во нашата земја немаме ракетни системи и производство на оружје, но имаме доста производи кои може да бидат понудени, пред се во делот на храната, текстилот, поштата, индустријата, метална индустрија и во делот на пропратните логистички потреби“, потенцира вицепремиерот.

Министерка за одбрана Шекеринска, рече дека со членството во НАТО, се отвора не само воено-политичката врата, туку и економската врата за настап на нашите фирми на многу поширок пазар.

„Ние како држава често велиме дека три децении сме биле во чекалната на НАТО и на ЕУ, но во чекалната беа и нашите компании. Јас, од контактите што ги имаме со некои од компаниите со кои соработуваме, знам дека дел од вас веќе знаат многу за овие НАТО агенции и при првиот обид, кога требало да исполнат квалификации, првата квалификација со која се соочиле била дека фирмата мора да доаѓа само од земја членка на НАТО“, посочи Шекеринска.

На НАТО индустрискиот ден, претставниците на НАТО Агенцијата за поддршка и јавни набавки и на Агенцијата за комуникации и информации им ги презентираа можностите за учество во процесот на јавни набавки на околу 100 компании кои се заинтересирани за соработка со Алијансата.

Можеби ќе ве интересира

ЦИКЛОН НОСИ ОБИЛНИ ВРНЕЖИ НА ДОЖД, ВО ДЕЛОВИ ОД МАКЕДОНИЈА ЌЕ ТРУПА СНЕГ: Синоптичарите објавија изненадувачка четириденевна прогноза

ДЕСК

Мицкоски: АД ЕСМ ги задоволува потребите на граѓаните и конзумот и продаваат струја навечер со што имаме дополнителни приходи од страна на потрошувачите

ДЕСК

Димитриеска-Кочоска: И покрај предизвиците и притисокот во Буџетот, Владата внимателно и навремено презема мерки и одлучува во интерес на граѓаните и бизнисот

ДЕСК