11.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Заев: Го исполнивме аманетот на Мисирков и го заштитивме македонскиот јазик

Премиерот, Зоран Заев, денеска се обрати на Меѓународна научна конференција „Македонскиот јазик – извор на филолошки и на културолошки истражувања“.

Како што нагласуваат од владината прес-служба, премиерот во обраќањето ги нагласил заложбите на Владата за соработка со стручната јавност за заштита и унапредување на македонскиот јазик и упатил апел до професорската јавност за активно учество во промоцијата на јазикот.

„Није сме должни да милуаме нашијот јазик, зашчо тој јет наш, исто така, као шчо ни јет наша таткоината ни“, истакна премиерот на почетокот, споделувајќи ја визијата на Крсте Петков Мисирков, за која порача дека денеска е остварена.

„Со моето присуство овде, како премиер, ја испраќам пораката дека оваа Влада се определи за заштита, афирмација, поддршка на употребата на нашиот изворен македонски јазик и ја поддржуваме и ќе ја поддржуваме секоја искрена иницијатива којашто оди во прилог на унапредувањето на современиот македонски јазик“, порача Заев.

Нагласи дека тоа треба да биде заедничка мисија на експертската, општествената и политичката јавност.

Премиерот соопшти дека деновиве треба да почне јавната расправа за Предлог законот за употребата на македонскиот јазик, што предвидува, меѓу другото, вработување лектори со завршен македонски јазик, во сите државни и јавни институции во државава, во сите субјекти во државниот и приватниот сектор во земјава, но и поактивна афирмација на македонскиот јазик во странство.

Спонзорирано: