11. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев: Балканот се менува кон подобро место за живеење

На заедничката пресконференција од Охрид, премиерот Зоран Заев истакна дека му е чест што на гости ги има лидерите на Западен Балкан.

„Како да ги мотивираме младите да останат тука, како да ги примамиме странските инвеститори, поголемо внимание. Отворена е иницијатива или акциски план којшто создава навистина поразличен Балкан од тој што го знаеме, Балкан на 21 век“ рече акедонскиот премиер по средбата во Охрид со лидерите на Албанија, Еди Рама, и на Србија, Александар Вучиќ.

„Србија, Северна Македонија и Албанија имаат иницијатива со која ги канат останатите 6 земји да пристапат. Балканот се менува, кон подобро место за живеење и позначаен фактор на цел европски континент. Акцискиот план предвидува нон-стоп работење на граници, со лична карта движење низ регионот, брзи траки на камиони, со конечна цел голема мобилност на капиталот, стоките.“, рече Заев.

На регионалната средба учествуваат и претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ и министерката за економија на Црна Гора, Драгица Секулиќ имаа прес конференција.

Тема на средбата беше таканаречениот „мини шенген“ за слободно движење на луѓе, стоки, услуги и капитал како придонес на граѓаните на сите земји во регионот во постигнување на нивната заедничка крајна цел – полноправно членство во ЕУ.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Депониите трујат, ВМРО ДПМНЕ е елементарна непогода за Скопје

C +

Петровска побара декласификација од АНБ: Зошто бил сменет шефот на внатрешната контрола, дали полиграфистот си дал отказ?

C +

Шукова: Вардариште и Дрисла – симболи на распадот во системот за отпад, а ВМРО-ДПМНЕ без решение

C +