23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(Видео) Бочварски: ВМРО ДПМНЕ потроши 700 милиони евра за криминални споменици, a СДСМ гради патишта

СДСМ како одговорна партија преку домаќинско однесување покажува што значи парите да се враќаат кај граѓаните, покажува како се остваруваат ветувањата, покажува што значи државата да биде на прав пат, порача претседателот на Комисијата за транспорт и врски на СДСМ, Благој Бочварски.

„Огромна е разликата помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во концепцискиот пристап на капиталните инвестиции и развојот на инфраструктурата. Само за споредба ВМРО-ДПМНЕ потроши 700 милиони евра за Скопје 2014, додека СДСМ за две години изгради и реконструираше патишта – 800 милиони евра.

Еден милион евра во патна инфраструктура враќа 3,5 милиони евра во економија и бизнис, а со тоа и нови работни места и тоа е шанса за граѓаните на нашата држава.

Доколку ВМРО-ДПМНЕ парите од Скопје 2014 ги инвестираше во патишта, досега требаше да се вратат 2,5 милијарди евра во економијата на државата. Додека ВМРО-ДПМНЕ градеше фасада на МЕПСО за 10,5 милиони евра, СДСМ со 11 милиони евра ги реконструира постоечки патни правци (регионални патишта):

– Битола – Демир Хисар 10 км

– Кочани – Пониква 12 км

– Тетово – Попова Шапка 18 км

– Струмица – Ново Село 13 км

– Штип – Радовиш 21 км

– Куманово – Свети Николе 32 км

Додека ВМРО-ДПМНЕ трошеше 22 милиони евра за зграда на ЈП Водовод, СДСМ изгради 400 километри водоводи и канализации во државата. ВМРО-ДПМНЕ за тампонирање на патишта плаќале 2202 денари/м3, а СДСМ 573 денари/м3. Порано се плаќало 92 денари за килограм арматура, денеска се плаќа по 44 денари, асфалтот за патиштата чинел 18500 денари метар должен, денеска чини 7000 денари.

Во градежништвото никогаш не смее да има било какви импровизации, затоа што на крајот исправањето на грешките ќе чини многу време и многу пари. Овде зборуваме со факти и аргументи и ниту еден спин на ВМРО-ДПМНЕ нема да го покрие фактот дека автопатот Кичево Охрид се работи со стар проект кој воопшто не соодведствува со реалната состојба на теренот.

Се работи за нецелосен и промашен проект, проект со промашени и нецелосни геомеханички испитувања, проект со лошо проектирани косини, усеци и тунели за кои беше потребно да се репроектирааат. Досега се репроектираат околу 25% од трасата на овој автопат со цел да може да се изгради.

Првичниот проект е со грешни податоци за тунелите, проект без клучки, проект кој поминува над резервоарот за вода на Кичево, па затоа треба ново решение и за овој дел од трасата.

Вмро Дпмне се одговорни за импровизациите од проект кој го оставија, па затоа цената на чинење од 400 милиони евра, ќе се зголеми за дополнителни 185 милиони евра. Ги исправаме грешките коишто ги затекнавме по патиштата и продолжуваме со градење“ порача Бочварски.