Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈА

Вечерва пукање на Бит пазар – еден ранет

Работник на ЈП „Комунална хигиена“ бил ранет во нога вечерва на Бит Пазар, дознава 24 Инфо.

Според неофицијални информаци, повредениот ја метел улицата во близина на Албанскиот театар кога забележал група крадци како провалуваат во една од продавниците. Тој најверојатно почнал да вика, по што провалниците се повлекле, а еден од нив извадил пиштол и пукал во работникот. Куршумот го погодил човекот во ноата, а крадите се разбегале.

Полицијата веднаш реагирала и биле неколку провалници, но лицето што пукало успело да избега. Повредениот работник на ЈП„Комунална хигиена“ бил пренесен во болница.

Од МВР потврдија дека се случил инцидентот.

-Околу 20 часот на улица 192 пријавена е кражба при која е испукан куршум од пиштол, кој завршил во ногата на А.Ш.(42) од Скопје. Тој бил префрлен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Возилото со кое е извршена кражбата е обезбедено. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Можеби ќе ве интересира

Филипче за надзорната расправа за Алта банка: Сите кои биле вклучени ќе мора да одговорат пред граѓаните

ДЕСК

ДЕНЕСКА ДО 18 СТЕПЕНИ – Еве каде ќе има дожд, а каде сончеви периоди

ДЕСК

Претседателот на Уставниот суд на Австрија, потпретседателот и член на Венецијанската комисија говорници на Меѓународната конференција организирана од Уставен суд

ДЕСК