Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СОНК и Адеми уште еднаш ќе се обидат да се договорат

Во Министерството за образование денеска треба да се сретнат министерот Арбер Адеми и претставниците на СОНК, за да разговараат за покачувањето на платите на просветните работници. Министерот Адеми вчера го повика членството на СОНК на разговор, на како што рече, последната рунда пријателски и конструктивни преговори.

СОНК вчера соопшти дека го става генералниот штрајк во мирување, по средбата што се одржа зад затворени врати, а на која требаше да се донесе одлука за почнување на генералниот штрајк в понеделник.

„За зголемување на платите од 1.1.2020 година, потребни им се уште неколку дена на министерот и на МОН. За, конечно, да се обезбедат средства што ќе ги задоволат нашите барања“, соопшти претседателот на СОНК, Неделков.

На средбата беше и министерот за образование, Арбер Адеми, и рече дека договориле да го стават штрајкот во мирување до добивањето конечна понуда за покачување на платите од МОН.

„Сега дискутираме за покачување на платите од 1 јануари. И за ова поместување, во смисла на моментот од кога ќе се пресметува третото покачување на платите во дејноста образование, секако дека е неопходно да се обезбедат сретства. И на тоа работиме“, рече Адеми.

СОНК и Владата досега одржаа три состаноци, на кои се преговараше за зголемување на платите во образованието.

Можеби ќе ве интересира

Граѓаните се навикнаа да се откажуваат: Прво од луксуз, потоа од нормален живот

ДЕСК

ДРАМА КАЈ ТРАНСПОРТЕН ЦЕНТАР СРЕДЕ БЕЛ ДЕН: Маж пријавил напад, едно лице имало остар предмет

ДЕСК

ТРОЈЦА ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ВО КАРПОШ: Тепале полициски службеници

ДЕСК