Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Купиле 50 печки на пелети, но никогаш не ги платиле

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против правното лице ДПУ „ДЕЛТА ГРУП 2018 ДООЕЛ’’ од Скопје, А.Љ.(33) и С.Р.(24), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,измама“.

На 25.08.2019 од фирма од Дебар, второпријавениот, како управител на пријавеното правно лице, направил нарачка на 50 печки на пелети, кои биле испорачани на 26/27.08.2019, а третопријавениот со товарно возило ги транспортирал до Скопје. Пријавените не ги исплатиле издадените фактури за испорака, со што нанеле материјална штета на фирмата од Дебар во вредност од 3.201.075 денари.

Можеби ќе ве интересира

ПЕТ ПРОДОЛЖЕНИ ВИКЕНДИ ВО 2027 ГОДИНА – Еве кога ќе одмораат граѓаните и кои празници паѓаат во сабота

ДЕСК

ОКОЛУ 40.000 ЛУЃЕ ВО МАКЕДОНИЈА ИМААТ ДИЈАБЕТЕС БЕЗ ДА ЗНААТ – Алармантни податоци за Светскиот ден на дијабетесот

ДЕСК

СДСМ: Криминалната власт ги донесе криминалните измени на Законот за јавните набавки – за повеќе пари за дилови во четири очи

ДЕСК