24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Заев: Со една избoрна единица добива демократијата, СДСМ дава поддршка за промена на изборниот модел

Дебатата за промена на изборниот модел е значаен чекор, особено што и слободата и демократијата се во ваков амбинет и на високо ниво истакна претседателот на СДСМ, Зоран Заев на дешената јавна расправа за воведување на една изборна единица.

Државата е подготвена, подготвена е и ДИК и нема законски ниту правни пречки, ако Собранието, пратениците донесат одлука за промени на изборните модели што значат демократизација. Државата ни е мултиетничка и мултиетничноста е распоредена насекаде низ државата. Затоа мислам дека е дојдено време за разбивање на бипартизмот во македонскиот и албанскиот политички блок. Јас сум за концептот едно општество за сите и мислам дека е времето е зрело за да направиме одреден исчекор, исткана претседателот Заев.

Осврнувајќи се на постојниот изборен модел, претседателот Заев укажа на постоењето на ризик за појавување на автократизам во општеството.

Анализатие што ги правеше СДСМ во изминатите изборни циклуси од 2002 до денес со пропорционален изборен модел, покажуваат дека севкупно се губат десеттина пратенички места, кои секако многу значат за соодносот на пратеничките групи, затоа што тие би отишле на контото на првите три најбројни парламентарни партии. Мнозинството во СДСМ е за една изборна единица и иако имавме противници на овој модел вантре во партијата, покажавме голема демократска зрелост и се надевам дека останатите политички партии ќе го следат нашиот пример, посочи Заев.

Во обраќањето претседателот Заев истакна дека

Ова е убав мегдан да се измериме, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, може и сами да настапиме па согласно способноста упорноста да се натпреваруваме пред гласачите. Ние сме за едно изборна единица и ако може да се вгради во Изборниот законик отворени листи за локални избори уште сега, па таму за првпат да одиме и со отворени листи, тоа веќе многу сериозно ќе ја постави државата. Мислам дека не сме подготвени и една изборна единици и отворени листи на парламентарни избори, затоа што е прекомплицирано е и една изборна единица и отворени листи, затоа да го направиме првиот чекор со една изборна единица. Со отврените лисит да почнеме на локално ниво со советничките листи. Сето тоа ќе биде сериозен исчекор.

Претседателот Заев истакна дека СДСМ останува на ставот за сооднос 50-50 кога станува збор за застапеноста на жените на изборните листи и истовремено ја поздрави иницијативата и најави поддршка доколку се изнајде решение кое прифатливо за сите политички субјекти.

Со воведувањето на една изборна единица добива демократијата, добива државата. Со една изборна единица ќе го намалиме клиентелизмот на секое поле, значително ќе се намали партизацијата на дрѓавата вклучително и на јавната администрација, заклучи претседателот Заев повикувајќи го Собранието да продолжи со сериозно разгледување на оваа иницијатива, бидејќи се уште има време и предвремените избори да се одржат со нов изборен модел.