Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ против зголемување на минималната плата, тоа е обновата која ја нуди Мицкоски

– Денес, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ дојдоа во Собрание, се потпишаа за да земат дневница, но не присуствуваа на пленарната седница на која на дневен ред беа Законот за минимална плата и Законот за субвенционирање на придонесите, соопшти СДСМ.

„Тоа е обновата која опозицијата ја нуди, тие се против минималната плата, ВМРО ДПМНЕ е против тоа парите да завршуваат назад кај граѓаните.

Додека ВМРО-ДПМНЕ е заробена во груевистичката матрица и е симбол за криминал и расипништво, СДСМ секојдневно носи конкретни мерки за повеќе пари да завршуваат назад во семејните буџети на граѓаните.

Со измените на Законот за минимална плата, минималмата плата повторно ја зголемуваме, овој пат на историски највисоки 14.500 денари.

Тоа значи дека годишно нови 60.000 денари ќе завршат кај граѓаните.

Со Законот за субвенционирање на придонесите од задолжителното социјално осигурување ќе се субвенционираат придонесите за оние компании кои ќе ги зголемат платите на своите вработени до 6.000 денари.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +

Популарното дело на „Браво сине!“ и „Арс Ламина“ – „Бајки од Македонија“ влегува во образовната програма како редовна лектира 

C +

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +