14. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Манчевски во Македонски Брод: Денес младите имаат шанса наместо да бараат работа, тие да вработуваат, државата целосно ги поддржува

Тоа што го ветивме на граѓаните, го исполнивме. Се намалува невработеноста, се зголемуваат платите, се грижиме за најзагрозените категории на граѓани, вложуваме во инфраструктура, не се градат споменици и барок, немаме масовна кражба на парите на граѓаните туку тие се враќаат назад кај нив, посочи потпреседателот на СДСМ Дамјан Манчевски на граѓанската трибина во Македонски Брод.

Со мерките кои и досега се реализираа, се создадоа можности за младите луѓе. Нема да имаат потреба младите да бараат да се вработат во јавниот сектор, бидејќи денес Владата дава поддршка за сопствен бизнис и наместо да бараат работа, тие да започнат сопствен бизнис и да вработуваат нови луѓе, порача Манчевски.

Тој истакна дека дојдено е крајно време да се стави крај на поделба на граѓаните на ваши и наши или поделба по било каква основа, затоа што сите овие мерки кои се реализираа важат за сите граѓани подеднакво.

Јас сум цврсто убеден дека нашата држава по 12 април ќе продолжи по тој пат, по патот на напредокот, по патот по кој сите ќе имаат шанса за успех, додаде потпретседателот Манчевски.

Можеби ќе ве интересира

Пронајдено починато машко лице на ридот над германските гробишта во Битола

ДЕСК

Исчезнаа две деца во Скопје – едно на 13 годишна, друго на 16 годишна возраст

ДЕСК

СДСМ: Судир на интереси во ОИК Зелениково со цела фамилија на кандидатот за градоначалник на ДПМНЕ, ДИК да ги разреши

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.