Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Манчевски: Граѓаните имаат јасен избор, правиот пат на напредокот и прогресот или патот на ВМРО-ДПМНЕ, на враќање на режимот

Ние денес се соочуваме со еден многу јасен избор. Едниот е правиот пат, патот кој значи градење на патишта, раст на плати, влез во НАТО и ЕУ, владеење на правато. Втората опција е на ВМРО-ДПМНЕ, тоа е опција на неизвесност, истакна потпреседателот на СДСМ Дамјан Манчевски на граѓанската трибина „На прав пат“ во Македонски Брод.

Прво бараа избори, добија избори, ама допрва ќе пишувале програма. Воопшто не е јасно што сакаат ВМРО-ДПМНЕ. Дали се за раст на плати и како ќе ги зголемат платите, дали се за раст на даноци или дали се за владеење на правото. Единствено е јасно за што се залага ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е враќање на Никола Груевски во државата. Да нема дилеми, и ние сме за Груевски да се врати во државата, ама за да одговара пред судовите и тоа ќе се случи. И со него и со сите кои биле вмешани во каков било криминал, посочи потпретседателот Манчевски.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО ДПМНЕ: Позитивните економски параметри, потврдени и од Евростат, им сметаат на СДСМ, затоа што нивно време граѓаните живееја потешко, економијата стагнираше, инфлацијата рушеше рекорди

ДЕСК

ЌЕ ПЕЧЕ СОНЦЕ, А ПОТОА ЌЕ ТРЕШТИ НЕБОТО: Следува променливо и нестабилно време

ДЕСК

СЕ КРЕНАЛА ВРЕВА ВО ВИЗБЕГОВО: По расправија дошло до физичка пресметка меѓу двајца мажи

ДЕСК