Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев во Струмица: Брзата лента на Мицкоски е лентата која парите од граѓните ги носеше во ВМРО-ДПМНЕ

Струмица памти како сакаа да и го убијат европскиот дух, но таа стануваше се похрабра. Не забораваме кога бевме како казнети, но денес Струмица се развива и е пример за модерен европски град, порача претседателот Заев пред струмичани на граѓанската трибина „На прав пат“.

Заев истакна дека во ова време кога сме на одлуки како да продолжиме натаму, додека целиот свет и сите европски лидери жалат за историската грешка само Мицкоски и неговиот ментор Груевски се радуваат.

И додека прават тајни пактови за други земји тврдат дека ќе ја носат ЕУ на брза лента. Каде им беше таа брза лента 11 години, Дали цели 11 години им беше расипана? Па на најспоро да им беше вклучена, досега ќе бевме дел и од ЕУ и НАТО. Ама единствената лента на ВМРО-ДПМНЕ која експресно работеше, беше таа што од џебовите на граѓаните одеше до нивните џебови, порача Заев пред преполната спортска сала во Струмица.

Можеби ќе ве интересира

ПРИЈАВА ЗА МИЛИОНСКА ПРОНЕВЕРА ВО ТЕТОВО – Управител осомничен за присвојување пари од јавни давачки

ДЕСК

СУДОТ ПРИФАТИ НОВИ СВЕДОЦИ ЗА „ПУЛС“ – Сослушувањето во предметот за деветтемина полицајци е предвидено за 17 ноември

ДЕСК

РЕДИЦИ ПРЕД АЛТА БАНКА ВО БИТОЛА – Почна исплатата, Итната помош интервенираше кај граѓани

ДЕСК