Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев на младинска трибина: Младите сакаат да бидат дел од западниот демократски свет, тоа и го овозможуваме

Младите сакаат да бидат дел од демократскиот западен свет, тоа и го правиме преку мерките и политиките што ги спроведуваме, порача претседателот Зоран Заев на денешната трибина „Иднината на Европа“ во организација на СДММ.

-Од кога СДСМ ја доби честа да ја води државата многу се промени во нашата држава. Сите знаат дека она што го правиме е за сите граѓани, но најамногу за младите. Политиките што ги водиме не се за во моментот да се добијат симпатиите на младите туку тоа се релни и препознаени во функција за отворање на перспективите на оваа земја, а пред се на младите. Целиот свет признава, целиот свет со убави зборови се обраќаат кон нас. Во глобалниот свет на мобилност на младите, на услугите, на капиталот, нашата борба е да создадем компетитивно општество. Знаеме дека само на тој начин ќе биде примамливо за младите да останат овде. Вие младите сте со јасна цел, сакаат да бидеме дел од западниот демократскиот свет, каде слободите блескаат. Тоа и го правиме, за младите да бидат генератор на развојот на својата татковина, порача Заев.

Можеби ќе ве интересира

Ангелова: Позитивната оценка од ЕК за образованието и отворањето нови градинки се чекор кон подобри услови за децата и младите

ДЕСК

СНЕГОТ СЕ СПУШТА И КОН ПОНИСКИТЕ МЕСТА – УХМР најавува снежна покривка до 20 сантиметри и силно заладување

ДЕСК

ГОРЕШЕ СТАН ВО ОХРИД, ОСУМ ЛИЦА ИТНО ПРЕНСЕНИ ВО БОЛНИЦА, УАПСЕН МАЖ КОЈ СЕ СОМНИЧИ ДЕКА ГО ЗАПАЛИЛ – Ова се првите детали од моменталните настани во Охрид

ДЕСК