Centar.mk
КУЛТУРА

Женската верзија на „Врба“ во „Синеплекс“, а машката во „Милениум“

По светската премиера на Филмскиот фестивал во Рим, филмот „Врба“ и Милчо Манчевски се враќаат дома. За денеска е закажана премиера на филмот во Македонска филхармонија, а во исто време ќе се прикажува во „Синеплекс“ и „Милениум“, како и во Битола, Штип, Охрид, а во неделите што следуваат филмот ќе биде на редовниот репертоар во овие киносали.

Филмот има машка и женска верзија. Манчевски за тоа вели: „Не се разликуваат многу, ама едната е подинамична, а другата подлабока. И двете се еднакво интересни – секоја на свој начин. Женската верзија ќе се прикажува во ‘Синеплекс’, а машката во ‘Милениум’“.

Во Прилеп прикажувањето ќе почне од 4 ноември.

Манчевски вели дека „Врба“ е трагедија со среќен крај. „Има и тажни моменти, ама и многу хумор и радост – како и животот“, рече Манчевски.

Можеби ќе ве интересира

„Матица македонска“ ја објави „Кругови“ од Санде Стојчевски

ДЕСК

„Загубениот збор“ од наградуваната Оја Бајдар објавен во превод на македонски

ДЕСК

Промоција на „ИНА“ од Весна Мојсова-Чепишевска во сабота

ДЕСК