1. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ 11 години вршеше притисоци врз вработени во администрацијата, денес институциите работат професионално и ослободени од притисоци

-ВМРО-ДПМНЕ, партијата симбол на уцени, закани и притисоци нема кредибилитет да зборува за работата јавната администрација, реагираат од СДСМ на прес конференцијата на Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ.

„11 години ВМРО-ДПМНЕ ги злоупотребуваше институциите и вршеше тортура, притисоци и закани кон вработени во администрацијата.

Последното сведоштво во случајот Титаник во кое се опишани страшни закани и притисоци врз вработени во МВР, јасно покажува каков бил односот на ВМРО-ДПМНЕ кон вработените во државните институции.

Денес ВМРО-ДПМНЕ во опозиција шири лажни вести и лицемерна загриженост за вработените во институциите. Никој освен ВМРО-ДПМНЕ не гледа притисоци, затоа тие и не посотојат.

За разлика од времето на ВМРО-ДПМНЕ денес институциите се професионализирани и работат во служба на граѓаните. Ниту еден вработен во државната администрација не е под притисоци, но и кон ниту еден нема каков било протекционизам, што беше одлика на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.

Единствено што може ВМРО-ДПМНЕ да им понуди на вработените во администрацијата е злоупотреби во партиски цели, притисоци, закани, ендеци и бркања од работа, што впрочем и го правеше цели 11 години.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ загубија на последните избори и затоа ќе изгубат и на изборите на 12 април. Обнова на криминалниот режим и заканите кон администрацијата нема да има.“ – се вели во реакцијата.

Можеби ќе ве интересира

ДОМ: Претпразнични (и предизборни) партиски вработувања во инспекторатот за животна средина?

ДЕСК

Лишени од слобода криумчари од Косово, пронајдени осум лица мигранти од Кина

ДЕСК

Со ретровизор ја удрил во главата, починала од здобиените повреди – Поднесено обвинение за тешки дела против безбедноста

ДЕСК